1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бугарската влада поднесe оставка

АТ/ афп/ дпа20 февруари 2013

Бугарската влада поднесува оставка. Премиерот Борисов во парламентот најави дека ќе ја предаде оставката на целиот кабинет по седницата денеска напладне. Оставката е реакција на протестите против владата во Софија.

https://p.dw.com/p/17hkd
Фотографија: AP

Бугарскиот премиер Бојко Борисов најави дека поднесува оставка. „Имаме достоинство и чест. Народот е тој кој не донесе на власт и ние денеска му ја враќаме назад“, изјави денеска Борисов пред парламентот во Софија. Истовремено тој се изјасни дека нема да стои на располагање за преодна влада. По последната седница на неговата влада денеска напладне Борисов ќе ја предаде оставката на неговиот кабинет. Оставката следува среде масовните протести против неговата влада.

Илјадници граѓани на Бугарија изминатиов период излегоа на улица. Бранот протести започна со изразувањето на незадоволство против високите цени на струјата и потоа се сврте против владата на Борисов. Во главниот град Софија притоа дојде и’ до крвави судири меѓу полицијата и демонстрантите. Во неделата десетици илјади демонстранти и опозицијата во парламентот бараа оставка на бугарската влада.

Bulgarien Regierung Rücktritt Proteste
Оставка по протестите во БугаријаФотографија: Reuters

Парламентот инаку денеска требаше да гласа за владина реконструкција, откако Борисов го отпушти министерот за финансии Симеон Ѓанков.

Борисов премиерската функција ја презеде во јули 2009 година. Редовните избори треба да се одржат во јули годинава, но сега во игра се предвремени парламентарни избори во април.