1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот го зголемува контингентот на Косово

2 април 2007
https://p.dw.com/p/AgHo

Германскиот Бундесвер го зголеми својот контингент на Косово со околу 500 војници.Министерот за одбрана Франц Јозеф Јунг за весникот Ди велт наведе дека причина се стравувањата од влошување на состојбата за време на преговорите за идниот статус на Косово.Според извештајот на весникот,сега на Косово се стационирани вкупно околу 3 илјади германски војници како дел од меѓународните трупи на КФОР.Специјалниот пратеник на ОН за Косово Марти Ахтисари предложи надгледувана независност на покраината,што Србија го одбива.