1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот останува во Авганистан

P.Stützle20 мај 2007

Во најтешкиот напад против германскиот Бундесвер во Авганистан по четири години, вчера во Кундус беа убиени тројца германски војници, петмина беа ранети двајца до нив потешко. Ова го потврди германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг синоќа во Потсдам.

https://p.dw.com/p/Anrz
Местото на нападот врз германските војници во Кундус
Местото на нападот врз германските војници во КундусФотографија: AP

Самоубиствениот атентатор на популарниот пазар во Кундус уби и петмина Авганистанци, 16 други се ранети. И покрај ова, сојузната влада ќе ја продолжи мисијата во Авганистан. Одговорноста за нападот ја презедоа Талибанците.

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека станува збор за перфидно убиство. Целта на атентаторите е да ги уништат успесите на обновата на Авганистан. Меѓутоа, меѓународната заедница е решена и натаму да им помага на луѓето во таа земја во изградбата на подобра иднина. Во првото соопштение, германскиот министер за одбрана Фрнац Јозеф Јунг напиша дека станува збор за кукавички напад врз германските војници и авганистанското цивилно население. Потоа се појави пред новинарите:

„Моето сочуство е упатено до семејствата и роднините, како и до ранетите војници со желба што побргу да се опорават„.

Јунг најави дека Бундесверот ќе ја продолжи мисијата на север од Авганистан:

„Решавачко е јасно да кажеме дека не сме окупатори, туку сме таму да му помогнеме на народот и да ја стекнеме неговата доверба. Затоа е неопходно да се движиме меѓу луѓето секако и со такви патроли„.

Во првите реакции опозиционите зелени и либералите ја потврдија неопходноста од германскиот ангажман во Авганистан, додека левата партија смета дека е во право кога ја одбива мисијата. Германските војници се примени како окупатори, Германија е дел од војната, вели воениот експерт на оваа партија Влофганг Герке, додека шефот на пратеничката група Грегор Гизи вели:

„Постепено повлекување на сите војници и трагање по други патишта за Авганистан, подеднакво и во Ирак и во други земји„.

За шефовите на пратеничката група на зелените Ренате Кинаст и Фриц Кун, нападот покажува дека авганистанската влада и натаму има потреба од пероснална и финансика помош за изградба на полициски и судски структури. Средствата мора да се зголемат. Експертот за одбрана на зелените Винфрид Нахтвај дополнува:

„Дебата за повлекување во сегашниов момент би бил погрешен сигнал. Тоа само би ги охрабрило атентаторите повторно да преземат вакви акции„.

Германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмајер смета дека нападот е потврда на проценката на владата дека во Авганистан нема мирни и сигурни зони. Задачата што ја презеде Бундесверот на север од земјата е централен прилог за стабилизацијата на Авганистан, изјави Штајнмајер.