1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесверот со робустен мандат во Либан?

Марсел Фирстенау28 август 2006

Политичката дебата во Германија околу ангажманот на германските војници во мировната мисија во Либан не само што не завршува, туку напротив добива постојано нови елементи. И покрај тоа што постојано се потенцира дека во Либан нема да бидат испратени копнени трупи, туку само морнарица која ќе го контролира брегот, се повеќе се чини изгледно дека владата се ориентира кон “робустен мандат“ за војницит

https://p.dw.com/p/Ac3j
Дали Блискиот исток ќе биде најопасната мисија досега?
Дали Блискиот исток ќе биде најопасната мисија досега?Фотографија: AP

е.

Доколку германските војници бидат испратени на Блискиот исток, тике ќе мора да бидат подготвени и за можни борбени ангажмани. Поради историски причини нема да се испраќаат копнени трупи, кои би можеле да дојдат во конфронтација со израелските војници, но ако Бундесверот учествува во мировната мисија под раководство на ОН со бродови, тогаш ќе мора да се претпостави и можен робустен мандат. Портпаролот на владата, Улрих Вилхелм, изјави:

“Преку ваква една поморска компонента треба да се овозможи прекинување на сегашната израелска блокада врз Либан. Доколку, на ваков начин, со меѓународно присуство со учество на Бундесверот може да се обезбеди да не се одвива транспорт на оружје за Хезболах или другите милиции по морски пат.“

Министерот за одбрана, Франц Јозеф Јунг, вакво едно сценарио, претходно во интервју за “Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“ го опиша како борбен ангажман. Слична е изјавата и на претседателот на СПД, Курт Бек. Тој во интервју за втората ерманска телевизија, без да говори за борбен ангажман рече: “Јасно е дека ќе треба да бидеме сфатени сериозно. И, ако некој се спротивставува на намерите на ОН, тогаш таков брод ќе мора да биде запрен, контролиран и во случај на потреба и истеран.“

Дека мисијата на германските војници може да биде опасна говори вице-канцеларот, Франц Минтеферинг, додека шефот на дипломатијата, Франк Валтер Штајнмаер, нагласува дека мисијата ќе биде придонес за траен прекин на огнот и мир во регионот.

Критики доаѓаат од редовите на опозицијата. Шефот на либералите, Гидо Вестервеле, изјави дека сето ова е дебакл: “Ова ќе биде веројатно најопасната мисија во странство на германските војници од основањето на Републиката и во таква ситуација не доведе владата, во ситуација која ќе беше подобро да ја избегнеше.“

Експертот за надворешна политика на Партијата на левицата, Вофлганг Герке, ја обвинува владата дека ја минала црвената линија. Сега е јасно дека владата и канцеларката го лажеле парламентот и јавноста кога говореа дека борбен ангажман е исклучен, рече Герке.