1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундесвер – Авганистан

20 мај 2007
https://p.dw.com/p/Ag2C

Според зборовите на германскиот министер за одбрана Франц Јозеф Јунг, Бундесверот и по загинувањето на тројцата војници во вчерашниот самоубиствен напад, ќе ја продолжи мисијата во Авганистан. Германија нема да се колеба и по овој кукавички напад, да продолжи да ја поддржува обновата на Авганистан, изјави Јунг во повеќе интервјуа. Атентаторот вчера изутрина се крена во воздух на пазар во северно-авганистанскиот град Кундус и покрај германските војници, уби и петмина Авганистанци. Одговорноста за атентатот ја презедоа радикалните Талибанци.