1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот нема да расправа за Македонија

28 април 2011

Германскиот Бундестаг нема да расправа за спорот со името и пристапните преговори на Македонија во ЕУ, потврди Штефан Либих, пратеник на Партијата на Левицата во Бундестагот. Тој го покрена ова прашање.

https://p.dw.com/p/RKqc
Штефан ЛибихФотографија: DW

„Дискусијата во Бундестагот нема да донесе напредок, зашто позицијата што јас ја застапувам, ја дели и владата. Тука нема што да се убедуваме. Сојузна Република Германија е за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ. Тоа што треба да го направиме е да влијаеме врз грчката страна. Вистинска прилика за ова е јулското собрание на ОБСЕ, по изборите, што ќе се оддржи во Белград, а во кое членуваат и Македонија и Грција,“ изјави за македонската програма на Дојче Веле Штефан Либих, пратеник на Левицата во Бундестагот.

Во Комисијата за Европски прашања неодамна тој праша: Како Германија ги оценува интересите на Македонија за членството во ЕУ? Во одговорот од германското МНР, државниот секретар Корнелија Пипер кажала, дека и Германија е за почеток на пристапните преговори. Но, проблемот бил што до сега поради сопките на Грција, ниту едно претседателство на ЕУ не собрало сила ова прашање да го стави на дневен ред. Ваквата јасна изјава, Либих вели охрабрува да се бараат нови патишта за посредување, а тоа е пред се’ Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Автор: Силвера Падори-Кленке

Редактор: Александра Трајковска