1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бундестагот ќе расправа по спорната изјава на Јунг

19 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BhW1

Германскиот Бундестаг денеска попладне ќе расправа околу спорната изјава на министерот за одбрана Франц Јосеф Јунг, да се урне патнички авион грабнат од терористи во случај на опасност. Изјавата наиде на големи критики од сите партии во земата.

На критика наиде и предлогот за промена на законот за анти терорзам на министерката за правда Бригите Циприс. Министерката има намера, терористите кои се обучуваат во тренинг кампови, да ги казни со до десет години казна затвор. Казниво треба да биде и ширење на технички упатства за терористички акти. Според Волфганг Бозбах од ЦДУ, предлогот тешко може да се спроведе во пракса. Сличен став има и министерот за внатрешни работи на Баварија Гинтер Бекштајн.