1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Бурата ги кочи карневалските поворки во Германија

Ребека Хербер
4 март 2019

Карневалските поворки во Рајнската област денеска почнуваат неколку часа подоцна поради силниот ветер. Поворката во Ботроп е дури и сосема откажана. Сепак, бурата не го расипува карневалското расположение.

https://p.dw.com/p/3EOij
Mainz - Karnevalswagen dekoriert mit Königin Elizabeth aus Pappmaché die die Grenze zur EU überquert
Фотографија: Reuters/K. Pfaffenbach

Карневалскиот понеделник, т.н. Розенмонтаг во германија годинава е засенет од временските услови. Поради силниот ветер од безбедносни причини дел од карневалските поворки во градовите во Рајнската област почнуваат со неколку часа задоцнување. Сепак, тоа не ги спречува карневалистите, кои се веќе упатени кон местата каде ќе минува поворките. Најголемите поворки и најголемита паради традиционално се одржуваат во Келн, Мајн и Диселдорф. 

Секоја година креаторите на колите за карневалската поворка со многу умешност и фантазија креираат шеговити фигури кои алудираат на актуелни теми од градскиот и политичкиот живот во државата и светот. Во Мајнц и Келн возилата веќе беа презентирани, а во Диселдорф тајната традиционално се открива дури на Розенмонтаг, со еден исклучок.

Возило на толеранцијата во Диселдорф

Се работи за посебно возило од поворката со силна порака: „Толеранција“. Со црвен хартиен нос оџа стои покрај католички свештеник, до него рабин и евангелистички проповедник и сите заедно слават карневал. На возилото има седум претставници на верски заедници, кои меѓу другото во толпата фрлаат слатки кои се кошер и халал.

Toleranzwagen
Фотографија: report-D

Кралицата од Брегзит бега во Мајнц

Мајнц е повторно дораснат на имиџот политичка карневалска престолнина, иако карневалското здружение од градот годинава заради кратење трошоци ќе презентира само 11 наместо вообичаените 13 возила на парадата. Но, тие умешно ги презентираат случувањата од изминатата година на смешен начин: Меркел јава на речиси мртвиот коњ на коалицијата, кралицата бега од Брегзит со барање за азил во рака,  а глобусот плука планина пластичен отпад.

"Uns Sproch es Heimat" (Нашиот јазик е татковина)

Во Келн 30 луѓе, поделени во седум тима, од 11 ноември до средината на февруари работеа на 26 карневалски коли, кои се дел од карневалската поворка. Годинешното мото гласи „Uns Sproch es Heimat" (Јазикот ни е татковината). Покрај локално-политички теми тука ќе се најдат и алузии на светската политика: Доналд Трамп со голем стап за голф ги удира меѓународните договори како Парискиот климатски договор и договорот со Иран, а на друга се француските Жолти елеци кои се обидуваат златниот Емануел Макрон да го турнат од неговиот пиедестал.

Deutschland Köln Präsentation der Rosenmontagswagen
Трамп го прeзентира задникот: "I love me"Фотографија: DW/R. Herber

Со една кола келнскиот карневал си се исмева и самиот: на него е прикажан коњ кој е удобно завален во една кочија, додека двајца гардисти го влечат. Со оваа кола се исмејува инцидент од минатата година кога два коња се судрија со еден автомобил и четири лица беа повредени. Тоа предизвика дебата за потребата од користење на коњи на големи манифестации како карневалот. За да се осигура заштита на животните, сега се правеа консултираа со ветеринари. „Ние сме уверени дека можеме да продолжиме да ги користиме и животните сѐ додека ја чуваме нивната благосостојба“, изјави раководителот на поворката Александер Дипер.

Vorstellung Motive zum Rosenmontagszug in Köln
Александер Дипер со предлози за мотиви на карневалските колиФотографија: picture alliance/dpa/O. Berg

Очекувања и еуфорија

Безбедноста е голема тема за сите карневалисти, вели Дипер и додава: „На сите една работа ни е многу важна – карневалската поворка да помине безбедно и мирно низ градот. Ние постојано разменуваме информаци и искуства и учиме едни од други."

Сите големи подготовки се веќе завршени, и раководителот на поворката се радува на уличниот карневал. „Премиерната карневалска манифестација за мене е почеток на жешката фаза на карневалот. Сега веќе може да почнеме, јас сум полн со очекување и еуфорија."