Бучковски ја завршува посетата на САД
31 октомври 2005Реклама
Тој вчера се сретна со македонските иселеници во градот и ги повика да прекинат со делбите и да се обединат.
,, Се обидуваме да се интегрираме во Еу и НАТО. Не наликува на еден народ да говори за интеграција, а се уште е обременет со вековни делби,, им порача премиерот на Македонците во Детроит.
Бучковски ги повика иселениците и да инвестираат и да ги прошират своите бизниси и во Македонија, со цел да придонесат за економскиот раѕвој на земјата. Тие, пак, му укажаа дека за тоа е потребно подобрување на законодавството во државата, спрравување со корупцијата, поефикасни институции и гаранции за нивните вложувања.
Шефот на македонската влада, зборувајќи за средбите со американскиот претседател Џорџ Буш и со високите претставници на неговата администрација, посочи дека била потврдена американката поддршка кон Македонија. Освен средбите со американскиот државен врв во Вашингтон, Бучковски во рамките на посетата на САД присуствуваше и на донаторска конференција во Њујорк за отворање на нови работни места, на која на Македонија и беа ветени 12 милиони долари.