1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш бара од Демократите да попуштат

17 април 2007
https://p.dw.com/p/AgD8

Американскиот претседател Џорџ Буш ги повика опозициските Демократи да попуштат во спорот околу законот за финансирање на трошоците на војната во Ирак. Тој уште еднаш истакна дека нема да прифати какви било рокови за повлекување на американските војници од Ирак кои сакаат да ги наметнат Демократите преку своеот мнозинство во Конгресот кој треба да даде согласност за законот:

„На нашите мажи и жени во униформи мораме да им обезбедиме сретства и ресурси кои им се потребни за да ги совладаат предизвиците . Обезбедувањето на овие ресусри е одговорност на Конгресот “ – порача Буш .