1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш бара уште пари за Авганистан и Ирак

23 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Btsv

Американскиот претседател Џорџ Буш побара од Конгресот дополнителни 46 милијадри долари за воените интервенции во Авганистан и Ирак. Тој ги повика Сенатот и конгресмените барањето да го одобрат до крајот на годината. Парите ќе бидат наменети за замена на воените средства. Досега Конгресот на барање на претседателот одобрил околу 455 милијарди долари за воени операции.