1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш во Италија

9 јуни 2007

Американскиот претседател, Џорџ Буш, денеска на папата Бенедикт 16-ти му вети истрајност во борбата против сидата во Африка.

https://p.dw.com/p/Apys
Буш и Папата разменија подароциФотографија: AP

На првата средба на американскиот претседател со Бенедикт 16-ти, Џорџ Буш го извести папата за заклучоците од средбата на Групата осум во Хајлигендам. Буш вети дека ќе изврши притисок во конгресот за двојно зголемување на американската помош за Африка на 30 милијарди долари во наредните пет години. На приватната аудиенција во Ватикан, станало збор и за војната во Ирак и ситуацијата на христијаните во Ирак.

Пред разговорот со папата, Џорџ Буш се сретна со италијанскиот претседател, Џорџо Наполитано, а попладнево ќе води разговори со италијанскиот премиер, Романо Проди. Во Рим за безбедноста се анагажирани илјадници полицајци, блокирани се голем број улици, а надвор од функција се и неколку станици на метрото. Утре, американскиот претседател, Џорџ Буш во Тирана треба да води разговори со премиерите на земјите на Јадранската тројка – Македонија, Албанија и Хрватска.