1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш во одбрана на новата стратегија за Ирак

12 јануари 2007

Повик за подршка на новата стратегија упатија и министрите за надворешни работи и за одбрана на САД , Кондолиза Рајс и Роберт Гејтс .

https://p.dw.com/p/Adu9
Фотографија: AP

Двајцата министри продолжија онаму каде што Буш започна претходната ноќ . Тие пред камерите и микрофоните , се обидуваа да придонесат во уверувањето на американската јавност за добрите страни на новата стратегија за Ирак

„ Ирачаните имаат развиено сопствена политичка економска и воена стратегија . И ние само даваме подршка . Меѓу другото со дополнителни 20 илјади војници – истакна шефицата на американската дипломатија Кондолиза Рајс. Нејзинио колега задолжен пак за ресорот одбрана Роберт Гејтс го истакна следново:

Зборот засилување беше сведен само на големината на нашите трупи, кои ќе бидат зголемени. Но всушност сите наши напори ќе бидат засилени , воените и цивилните , американските и ирачките

Но опозициските Демократи и натаму не се убедени од оваа аргументација на администрацијата во Вашингтон.

Да се испратат повеќе војници во граѓанска војна е грешка – коментираше Хери Рид , лидерот на демократското мнозинство во Сенатото:

„ Со тоа што претседателот се одлучи за есскалација на војната , тој ги игнира желбите на американскиот народ, советите на Бејкеровата комисија и на најголемиот број водечки генерали. Тој практично е сосема сам на таа позиција“

Во меѓувреме во поголем број градови во САД , се одржаа протести на противниците на војната во Ирак кои демонстрираа против зголемувањето на бројот на американски војници во оваа земја . За почетокот на јануари се планирани големи демонстрации во Вашингтон.