1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш го осуди Советскиот сојуз

8 мај 2005

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска е во Холандија каде што на гробиштата на американските војници во Втората светска војна ќе положи венец. Допатува од Рига каде што вчера ја осуди окупацијата на балтичките држави од страна на Советскиот сојуз.

https://p.dw.com/p/AcFg
Буш и Фрајберга кај споменикот во Рига
Буш и Фрајберга кај споменикот во РигаФотографија: AP

„Ние никогаш не ја признавме окупацијата„, изјави Буш по средбата со тројцата претседатели на балтичките држави: Ваира Вике Фрајберга на Летонија, Арнолд Рител на Естонија и Владас Адамкус на Литванија.

Од московски агол доволно лошо што претседателот Буш пред да учествува на руската прослава на победата, прво запре во Рига. Инаку, претседателите на Естонија и Литванија, Рител и Адамкус го одбија учеството со укажување на советската окупација на нивните земји. На заедничката прес-конференција само Арнолд Рител зборуваше за односите со Русија:

„Имаме интерес за конструктивни односи со Русија да биде стабилна и да ги дели нашите вредности. Притоа, анализата на минатото е решавачка за идните односи„.

Како единствена од овие три држави, за Москва патува претседателката на Летонија Ваира Вике-Фрајберга која застапува прагматичен став дека минатото треба да се остави назад и на Русија да и се подаде рака на пријателство. Претседателот Буш ја поддржа нејзината дипломатска линија:

„САД никогаш не ја прифатија окупацијата на балтичките држави, ниту ја признаа. 60 години по крајот на војната и 15 години по повторното воспоставување на летонската независност, може да се рефлекетира минатото, и да се оди натаму. Разбирам што многу Естонци, Летонци и Литванци се навредени и фрустрирани од она што се случило. Тоа точно го знае и претседателот Путин и ги знае причините за фрустрациите, за тоа не сум му потребен. Се надевам дека ќе гледаме кон иднината и дека пред се ќе се оди кон демократија и слободни општества. Живееме во исклучително време, па балтичките змеји на Русија и на други земји можат да им ги покажат предностите на едно демократско општество„.

Независно од критиките од Балтикот и САД врз советската експанзионистичка политика, рускиот претседател Владмири Путин повтори дека Црвената армија со победата над национал-социјалистичка Германија и донесе слобода на Европа. При отворањето на споменикот на Поклонаја гора кај Москва, Путин изјави:

„Нашиот народ не ја бранеше само татковината, туку ослободи и 11 европски држави. На бојните полиња од Баренцовото море до Кавказ таа ја скрши воената машинерија на нацистите„, рече Путин кој вечер ќе има средба во својата приватна дача со американскиот претседател Буш.