1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш е во војна со "исламските фашисти”

11 август 2006

По најновата закана и во САД безбедносниот аларм се покачи на црвено. Прпват по 11 септември. За американскиот претседател Буш земјата е во во војна со "исламските фашисти". Георг Шварте со извештај од Вашингтон.

https://p.dw.com/p/Adyj
Џорџ Буш
Џорџ БушФотографија: AP

Сцената е како нарачана. Тукушто слета претседателскиот авион Ер форс оне во Висконсин,американскиот претседател Џорџ Буш со нему својствениот искрен лик и се обрати на јавноста:

“Оваа земја е во војна со исламските фашисти кои се обидуваат со сите средства да ја уништат слободата на живеењето и да ги повредат овие нации”.

Буш веднаш го стави на црвено алармот за предупредување од терористички напади. Ова е првпат по 11 септември безбедносните сили да се во состојба на целосна готовност. Црвено се однесува на сите летови од Британија кон САД, а за сите останати се спроведува понискиот безбедносен степен, портокалово. Овие мерки ги зголемија и редовите за чекање на сите поголеми американски аеродроми. На аеродромот Њуарк, во Њу Џерски редовите за чекирање на интернационалните летови беа долги неколку стотици метри. Проширена е и листата на забранети производи кои не смеат да се носат во авион. Најостро се забрануват сите видови течности. Американскиот претседател Буш знае дека е тоа непријатно за патниците, но е нужно:

“Ќе бидат воведени нови правила за патниците. Ве молиме за воздржаност и разбирање, бидејќи сите овие контроли ја прават нашата нација побезбедна”, рече Буш додавајќи

“Оваа земја е многу побезбедна по 11 септември. Преземавме огромни мерки за да го заштитиме американскиот народ. Но, очигледно не сме до крај сигурни. Се уште има луѓе кои сакаат да ни наштетат. Грешка е да се мисли дека нема повеќе закана за САД. Затоа им го отворивме патот на властите да преземат се за да ги заштитат граѓаните”

Иако нема податоци за терористички напади директно на американско тло, во Калифорнија, гувернерот Арнолд Шварценегер веќе ја распореди националната гарда по аеродромите, а исти мерки се планираат и во Њујорк и Масачусетс. Ќе бидат поставени и дополнителни авио шерифи на летовите од Британија во САД. Но, американскиот претседател во едно беше јасен – и покрај сите мерки кои се преземаат неможе да се гарантира стопроцентна безбедност.