1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш застана зад Рамсфелд

19 април 2006

Американскиот Претседател Џорџ Буш со остар тон се обиде да и‘ се спротистави на критиката што последниве денови како лавина се урна врз плeќите на неговиот министер за одбрана Доналд Рамсфелд.

https://p.dw.com/p/Ae2D
Доналд Рамсфелд
Доналд РамсфелдФотографија: AP

Најтешки обвинувања дојдоа од шестмина високи офицери на американската армија, кои му префрлаат на Рамсфелд за пропусти и погрешни одлуки за време на Ирачката војна.

По тешките обвинувања од изминатите денови, Претседателот Буш и Министерот Рамсфелд се чини се решија за тактиката на против напад. На новинарско прашање на една конференција за печатот, Буш дури го покачи тонот:

„Ги слушам сите гласови, но решението е на крајот во моја надлежност. А Доналд Рамсфелд добро работи. Не само што ја обликува армијата, туку води и војна против тероризмот, тој ни помага да го победиме тероризмот. Јас имам голема доверба во него. Секако дека ги слушам обвинувањата и ги читам весниците и ги знам добро тие шпекулации. Но, јас сум тој кој решава и јас решавам дека е најдобро Доналд Рамсфелд да остане министер за одбрана!„

Ова е сосема јасна изјава на американскиот Претесдател, што не остава простор за какви и да е други интерпретации.

Рамсфелд пак искористи прес конференција во Пентагон за да стави јасно на знаење оти не помислува на оставка. Тој посочи дека донесувал одлуки кои не биле популарни, но кои подоцна се покажале како исправни. Што се однесува до критичарите, Рамсфелд нагласи дека секогаш има разлики во мислењата и тоа е добро за демократијата. За него меѓутоа во секој случај најважно е Претседателот Буш да биде задоволен од неговата работа.

„И Претседаелот знае исто како и јас дека нема незаменливи луѓе. Гробиштата се полни со такви наводно незаменливи. Но Претседателот знае дека му стојам на располагање и тоа е се‘!„