1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш – Ирак – повлекување

4 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BbG7

Американскиот претседател Џорџ Буш најави скорешна дебата околу намалувањето на бројот војници во Ирак. Конкретните разговори можат да почнат уште наредната недела, по поднесувањето на извештајот на американските генерали за актуелната состојба во Ирак. За време на ненајавената посета на Ирак, Буш вчера не кажа ниту за колкаво намалување на бројот војници станува збор, ниту пак во кој временски период би можело да се случи тоа. Американската војска има моментално околу 160.000 војници во Ирак.