1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш: Нема скоро повлекување на војската од Ирак

10 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BEMI

Американскиот претседател Џорџ Буш не планира повлекување на војската од Ирак во моментов, соопшти Белата куќа и покрај тоа што членовите на неговата републиканска партија се залагаат за промена на воената стратегија. „Во моментов се води дебата дали сега да ја повлечеме војската од Ирак. Претседателот повеќепати нагласи дека повлекување ќе има во зависност од условите, но идејата за политичка, а не за воена проценка е нереална,“изјави Тони Сноу портпаролот на Белата куќа.