1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш не попушта

14 ноември 2006

Американскиот претседател Џорџ Буш бара нов пристап во решавањето на ситуацијата во Ирак, но сигурно нема да преговара со Иран и Сирија да помогнат во смирување на тензиите кај соседот. Напротив Буш по средбата со израелскиот премиер Олмерт ги повтори познатите предупредувања до Техеран.

https://p.dw.com/p/Advq
Буш и Олмерт
Буш и ОлмертФотографија: AP

Иако критичарите на американскиот престедател неодамна го повикаа да започне дијалог со Иран како придонес кон смирување на ситуацијата во Ирак, Буш вчера повторно категорично ги одби. Нема преговори со Иран додека не прекинат со програмата за збогатување на ураниум, изјави Буш по средбата со израелскиот премиер Олмерт во Вашингтон.

„Ако сакате да имате дијалог со нас ние сме подготвени да седнеме на маса заедно со ЕУ, Русија и Кина. Но, вие мора прво да не уверите дека сте ја прекинале програмата за збогатување на ураниум. Наша цел е да ги убедиме Иранците да се откажат од нуклеарната програма. Иран со нуклеарно оружје би бил дестабилизирачки фактор за регионот. Нашата позиција за Иран е јасна и не сме ја промениле, “ изјави Буш.

Но, американскиот претседател е под притисок да ја редефинира политиката кон Ирак. Поради тоа се состана и со Студиската гупа за Ирак, независна експертска комисија предводена од поранешниот американски министер за надворешни работи Џејмс Бејкер, која во следните недели треба да објави препораки околу решавање на проблемот. Буш ги прими во Белата куќа.

„Нема да прејдудицирам околу тоа што ќе содржи извештајот на Бејкеровата комисија. Беше пријатно да се сретнеме со нив. Бев импресиониран од составот на групата и од прашањата кои ги поставуваа. И за нив е важно да успееме во Ирак, исто како и за мене. Верувам дека ќе чуеме интереси идеи“.

Задача на оваа комисија е „реално и искрено“ да ја процени ситуацијата во Ирак за да се ордеи понатамошната американска политика во таа земја. Се очекува дека групата ќе препорача постепено повлекување на американските трупи од Ирак, како и покренување на дијалог на Вашингтон и со Иран и со Сирија.