1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш ја задржува заканата со вето

25 април 2007
https://p.dw.com/p/AgAr

Американскиот претседател Џорџ Буш останува на ставот против рок за повлекување на американските сили од Ирак и најави вето против заклучокот на конгресот во кој доминираат демократите. Конгресот реши да одобри нови 124 милијарди долари за Ирак, под услов трупите да почнат да се повлекуваат на 1 октомври годинава, со цел комплетно да го напуштат Ирак во рок од шест месеци. Буш во Вашингтон изјави дека не е доцна за Конгресот да го направи вистинскиот избор и да ги одобри средствата што на нашите трупи и нивните команданти ќе им ја овозможат потребната флексибилност. Во спротивно, не му останува друг избор ќе мора да стави вето.