1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Буш ја повика Русија да не стравува од антиракетниот штит

5 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/AoT2

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска повторно ја повика Русија да не гледа закана во планираното инсталирање на антиракетен штит во Европа. По разговорите со неговиот чешки колега, Вацлав Клаус во Прага, Буш изјави дека „времето на студената војна помина и Путин нема од што да се плаши“. Според буш антиракетниот систем треба да биде заштита од евентуални ракети од Иран. Чешката влада го поддржува проектот, но не и локалното население кое на референдум се изјасни против.

Инаку попладне Буш патува во Германија каде ќе учествува на самитот на Г8 во Хајлигендам. Полициицјат соопшти дека се е подготвено за посетата на американскиот претседател. По насилните демонстрации од деновиве ситуацијата во Росток е мирна, но тензична.