1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Важни се фер избори, а не кој ќе победи

Александар Чомовски10 јануари 2007

Десетата скопска општина Сарај за време на викендот избира нов градоначалник. Претходниот и успешен менаџер, Имер Селмани, стана вице-премиер од редовите на владеачката Демократска партија на Албанците. Зошто се важни изборите во Сарај?

https://p.dw.com/p/Ada4
Брет и Милованович на денешната прес конференција
Брет и Милованович на денешната прес конференцијаФотографија: MIA

Имер Селмани останува забележан како човек од акција. Главни ривали за наследник на Селмани за градоначалничката функција се Беким Фазлиу од владината Демократска партија на Албанците и Хисни Јакупи од опозиционата Демократска унија за интеграција.

Јакупи вели: “Граѓаните на општина Сарај ќе практикуваат фер и демократски избори. Тоа е и наша цел. “

Фазлиу ветува: “Сарај – општина каде што ќе има спортско-рекреативни центри, високообразовни институции и создавање подобри услови за локално-економски развој.“

Кога се би се одвивало во нормални околности, тогаш изборите во Сарај не би заслужувале посебен медиумски третман. Но, серијата насилнички акти во селата и центарот на општината, огромната и традиционална нетрпеливост меѓу таборот на Ахмети и партијата на Џафери, ги претвораат изборите во Сарај во тест за демократските капацитети на Македонија. Оттука и ангажманот на влијателните западни амбасадори. Германскиот амбсадор во Скопје, Ралф Андреас Брет, денеска изјави:

“Упатувам апел до сите големи политички играчи и партии да спроведат избори – успешни во демократска смисла на зборот. “

Амбасадорката на САД во Македонија, Џилијан Милованович,пак, рече: “Важни се фер и слободни избори, а не кој ќе победи. Институциите во Македонија, а не меѓународната заедница треба да ја преземат одговорноста за спроведување на локалните избори.“