1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вартоломеј со историски гест кон Ватикан

Б. Георгиевски/ап18 март 2013

Вселенскиот патријарх Вартоломеј одлучи да присуствува на утрешната инаугуративна миса во Рим за новиот папа Франциско. Тоа ќе биде првпат православен поглавар да присуствува на мисата по повеќе од илјада години.

https://p.dw.com/p/17zaP
Фотографија: picture-alliance / dpa/dpaweb

За првпат по расколот во црквата во 1054 година лидерот на православните христијани одлучи да присуствува на инаугурацијата на нов папа во Рим. Вартоломеј соопшти дека одлучил да присуствува на мисата за да ја подвлече важноста на „пријателските односи“ меѓу црквите.

„Ова е гест со кој се зацврстуваат односите кои се развиваа во изминатите години и да го изразам моето очекува дека пријателските односи ќе продолжат да се развиваат во оваа нова ера“, изјави Вартоломеј. Римокатоличката и православната црква беа обединети до Големиот раскол во 1054 година, предизвикан од кавгата околу приматот на папата.

Портпарол на Вселенската патријаршија соопшти дека Вартоломеј ќе биде првиот православен духовен лидер кој ќе присуствува на мисата од шизмата наваму. Дури и пред расколот меѓу двете цркви, патријархот од Истанбул ретко присуствувал на церемониите во Рим.

Jahresrückblick November 2006 Papst in der Türkei
Папата Бенедикт и Вартоломеј во ноември 2006 година во ИстанбулФотографија: AP

И претходниот папа Бенедикт 16. го постави како приоритет обединувањето на двете цркви. Во изминативе години беше формиран заеднички комитет кој работеше на надминување на разликите. Одлуката на Вартоломеј да присуствува на мисата е „плод“ на тој дијалог, соопшти неговиот портпарол.

Вартоломеј во неколку наврати го посети Ватикан, вклучително и за време на погребот на папата Јован Павле Втори во 2005 година. Бенедикт го посети Истанбул во 2006 година. Се очекува Франциско да се сретне со Вартоломеј в среда.