1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ватерполистите по виза за олимписките квалификации

25 јануари 2012

Ватерполо репрезентацијата на Македонија на Европското првенство во Холандија игра против Романија за пласман кој ќе и обезбеди учество на квалификациите за Олимпијадата во Лондон.

https://p.dw.com/p/13pOF
Фотографија: DW

Македонските ватерполисти со евентуална победа (денеска со почеток од 14 часот) над Романија, ќе бидат најмалку десетоласирани на Европското првенство во Ајндховен, Холандија и ќе станат втората македонска репрезентација (по кошаркарската) која преку дополнителни квалификации ќе бара место на Олмписките игри. Олимпискиот квалификациски турнир ќе се игра во Едмонтон, Канада, од 1 до 7 април.
Освен учество на квалификацискиот турнир, подобриот од овој натпревар ќе има можност да игра со актуелниот европски првак Хрватска, во натпревар за пласман од 7 до 10 место. Евентуални две победи на македонските ватерполисти (протов Романија и Хрватска) и пласман на 7 или 8 место, покрај учество на турнирот во Канада, ќе значи и пласман на Македонија на Светското првенство.

Автор: СН/ АТ/ макфакс

Редактор: А.Трајковска