1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вашингтон: Ал Каеда и Иран главни спонзори на тероризмот

БГ/миа1 август 2012

Американскиот Стејт Департмент во годишниот извештај ги обвинува Ал Каеда и Иран дека се главни поддржувачи на тероризмот во светот.

https://p.dw.com/p/15hUF
Фотографија: DW

Ал Каеда е во пад по смртта на неколкумина нејзини лидери, но нејзините келии продолжуваат да бидат закана за некои ранливи региони, се вели во извештајот на американскиот Стејт департмент за теороризмот во 2011. година.

Документот содржи предупредување дека во 2011. година Иран бил главниот поддржувач на тероризмот и укажувал финансиска помош на воени и терористички групи од целиот Блиски Исток.

Како Иран, така и Ал Каеда помагаа за будење на нереди и ширење на „идеологија на крајно насилство“ во некои од најнестабилните реони во светот, посочува Стејт департментот.

Извештајот потсетува на операцијата од мај 2011. година, во која во Пакистан беше убиен лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен и истакнува дека тој „бил длабоко вмешан во раководството на операциите на групата и изготвувањето на нејзината стратегија“.

„Смртта на Бин Ладен и повеќе негови важни помошници ја поставија мрежата Ал Каеда во пад, од каде тешко ќе и& биде повторно да се врати, се наведува во извештајот.

За Вашингтон, меѓутоа, главната терористичка закана за САД останува Иран, кој во 1984 година беше официјално определен како држава поддржувач на тероризмот.

БГ/миа

С. Недевски