1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вајдман: Ако Грција не стои на зборот, нема пари!

Александар Методијев/ројтерс/афп12 мај 2012

Претседателот на Бундес банката Јенс Вајдман ја предупреди Грција дека не ги исполнува постоечките договори со ММФ и со ЕУ. Критика упати и до новиот француски претседател Франсоа Оланд.

https://p.dw.com/p/14uFO
Фотографија: picture alliance/dpa

„Ако Атина не си стои на зборот, тогаш тоа е демократска одлука. Но, од тоа произлегува дека отпаѓа основата за дополнителнителна финансиска помош“, изјави Вајдман за весникот „Зиддојчен Цајтунг“. „Исто така земјите донатори мораат да се оправдаат пред својот народ“, додаде тој. Вајдман предупреди дека излезот на Грција од еврозоната ќе има поголеми последици за земјата, отколку за остатокот од еврозоната.

Deutschland Bundesbankpräsident Jens Weidmann
Јасни зборови од Јенс ВајдманФотографија: dapd

Но, критиките на претседателот на Бундес банката беа насочени и кон новиот француски претседател Франсоа Оланд, кој сака да ја промени посветеноста на Европската централна банка во борбата за поголем раст. Тоа би било опасно, рече Вајдман.

„Работните места и растот се создаваат со претприемачка акција. Централната банка може најдобро да придонесе во тоа, преку овозможување стабилност на валутата“, изјави Јенс Вајдман.

Оланд минатиот викенд победи на изборите. Тој бара европската програма за штедење да се дополни со елементи економски на раст.