1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Велосипедизам, коњички спорт, тенис

20 август 2007

Освен фудбал, изминатиот викенд донесе возбудувања и во други спортови:

https://p.dw.com/p/BW3S
Заслужен триумф на 35-годишниот Јенс Фогт на Дојчланд тур.Фотографија: AP

Германскиот велосипедист Јенс Фогт по вторпат едно –подруго победи на Дојчлнад тур. Професионалецот на екипата ЦСЦ, всушност, победата ја обезбеди во етапата со поединечно возење долга 33,1 килолметар околу Фирт, по што предноста веќе беше недостижна за конкурентите:

„Секогаш е убаво кога се победува. Радо победувам кога е можно, без оглед дали станува збор за мала и голема трка. Тешко е да се победи, а ако тоа се случи на трка каква што е Дојчлнад Тур, тогаш е двојно поубаво„.

Германски успех и во друга дисциплина. Мередит Михаелс Бербаум вчера во Манхајм ја освои титулата европски првак во коњички скокови, со грлото Валах Шатерфлај. На второто место се пласираше Холанѓанецот Јос Лансинк, а трет беше уште еден Германец – Лудгер Бербаум. Тоа беше 14-тата поединечна титула за германски натрпеварувач од одржувањето на првото европско првенство пред 50 години. По победата Михаелс Бербаум изјави:

„Шатерфлај ми ја донесе потребната сигурност. Тоа е одличен коњ, еден од најдобрите во светот. Му дава на јавачот искучителна сила„.

Непосредно пред почетокот на отвореното американско првенство во тенис, инаку последниот грен-слем годинава, на Швајцарецот Роџер Федерер му успеа да ја освои 50-сеттата поединечна победа на еден турнир во кариерата. Во финалето во Синсинати, за 65 минути го совлада Американецот Џемс Блејк со 2 спрема 0, по сетови 6 спрема 1 и 6 спрема 4. За него претходниот полуфинален меч против Австралијанецот Лејтон Хјуит што го доби со 2 спрема 1 во сетови беше решавачкиот за постигнатиот успех, зашто како што изјави:

„Беше вистински трилер. Јас имав многу шанси за време на целиот меч. Во вториот и третиот сет бев исцрпен. Да се мине низ сето тоа, а сепак да се победи е супер„.

На женскиот турнир во Торонто пак, српската тенисерка Јелена Јанковиќ во финалето загуби од Белгијанката Жастин Енен со 2 спрема 0. По сетови 7 спрема 6 и 7 спрема 5.