1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Венизелос застана на чело на ПАСОК

19 март 2012

Евангелос Венизелос е избран за лидер на грчките социјалисти. Актуелниот министер за финансии треба да го спаси ПАСОК од катастрофа на претстојните избори.

https://p.dw.com/p/14Mcy
Фотографија: AP

Грчкиот министер за финансии Евангелос Ванизелос вчеравечер (18.03.2012) можеше да прогласи победа на изборите за лидер на социјалистичката партија ПАСОК, на кои беше единствен кандидат.

По пребројувањето на повеќе од 50 проценти од гласачките ливчиња, Венизелос освоил 97 насто од гласовите.

На изборот на нов претседател на ПАСОК својот глас на 1.074 избирачки места ширум Грција го дале околу 200 илјади членови на партијата, што е значително повеќе од партиските очекувања.

Тој сега се соочува со задачата да го спречи катастрофалниот пораз на ПАСОК на претстојните парламентарни избори, бидејќи резултатите од анкетите покажуваат огромен пад на популарноста на социјалистите поради воведувањето на драстичните мерки за штедење за излез од кризата.

Педесетипетгодишниот Венизелос беше поразен од Јоргос Папандреу на претходните избори за партиски лидер во 2007. година. Досегашниот лидер на ПАСОК, Јоргос Папандреу, се повлече од позицијата шеф на партијата во јануари. Тој инаку е син на основачот на партијата, Андреас Папандреу.

Се очекува денеска Венизелос да се сретне со премиерот Лукас Пападимос и претседателот Каролос Папуљас, при што и официјално ќе поднесе оставка на позицијата министер за финансии.

Автор:СН/ЖА/дпа/миа/дв

Редактор: Е. М. Фиданоска