1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вербален атак на Путин

K. Kläuser1 јуни 2007

Во вторникот Русија тестираше нов тип интер-континентална ракета. Тоа ги предизвика Соединетите Американски Држави да го вратат сеќавањето на старите сценарија во вооружувањето. Но, тонот натаму се заостри. Претседателот Владимир Путин веднаш возврати во насока на Вашингтон.

https://p.dw.com/p/Any6
Путин без влакна на јазикот
Путин без влакна на јазикотФотографија: AP

Непосредно по тестот на новата ракета, претседателот Путин истрела уште една вербална кон САД. На телевизијата беа прикажани генерали, се следеше летот од околу 8 илјади километри и беше пофалена можноста да биде надминат кој и да е ракетен штит. А, претседателот Путин:

„Ние не ја инициравме новата рунда вооружување. Ние го потпишавме и го ратификуваме договорот за ограничување на конвенционалното оружје. Го повлековме целото тешко оружје од европскиот дел на Русија зад Урал. А, што прават нашите партнери? Ја полнат Источна Европа со ново оружје. Што треба ние да правиме„!

Полнењето на Источна Европа со оружје додуша не е почнато, но веќе американските планови да стационираат ракетен штит во Полска и Чешка ја предизвикаа Русија, иако не се познати ниту местата, ниту е направен првиот потег. Путин не остави никакво сомневање во тоа дека реалниот тест го посматра како реакција. Притоа сепак, избегна да ги спомне Американците по име, иако смета дека светот стана униполарен:

„Некои учесници во меѓународниот дијалог имаат желба да го принудат светот на сопствените желби за сите прашања. Се прават обиди нормите на меѓународното право да се сменат со таканаречаната политичка целисходност. Што е тоа? Според нас ништо друго, туку диктат и империјализам„.

И покрај ваквите зборови, Путин убедува:

„Не треба да се има страв од ваквиот однос на Русија. Тоа е насочено кон одржување на балансот во светот. И тоа е исклучително значајна компонента за зачувување на општиот мир и безбдноста„.

Америка воопшто не се плаши. Зашто американскиот претседател Џорџ Буш во првата реакција на путиновите префрлувања, Русија ја нарече пријател, а не непријателски режим. Но, опстојува на тоа да инсталира ракетен систем.