1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вердер во полуфиналето на УЕФА, Леверкузен испадна

13 април 2007

Вердер Бремен влезе во полуфиналето на УЕФА, Баер Левекузен ја пропушти шансата.

https://p.dw.com/p/AegF
Бремен во победничка офанзива
Бремен во победничка офанзиваФотографија: AP

Со неговите два гола, први по „пауза“ од 1158 минути, Мирослав Клозе му ја донесе на својот клуб, Вердер Бремен визата за полуфиналето во купот на УЕФА.

Верден синоќа го совлада холандскиот Алкамар со 4:1. Тренерот Томас Шаф е задоволен: „Понудивме добар фудбал. Сметам дека игравме доста сконцентрирано. Многу работи на кои работевме, ги реализиравме на теренот. Особено сум среќен дека се постигнаа многу голови.“

Фудбалерот Торстен Фрингс смета дека за победата е заслужен целиот тим.

„Одлично настапивме како тим и супер го одработивме натпреварот. Овде имаше многу работа, мораше многу да трчаме и да се бориме. Мислам дека немаше ниту еден играч којшто не одигра супер игра“, рече Фрингс по натпреварот.“


Другиот германски клуб, Баер Леверкузен пак испадна од конкуренција за титулата на купот, бидејќи загуби во четвртфиналето со 1:0 од шпанскиот клуб Осасуна. Спортскиот директор на клубот Руди Фелер изјави:

ТОН

“Најважно ни беше да не се избламираме. И ако се изземе еден натпревар, може да се каже дека добро одигравме во купот на УЕФА. Стигнавме до четвртфиналето и испаднавме од навистина добар тим“.