1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Верижен судир во Кина однесе 17 жртви

БГ
22 ноември 2016

Во верижен судир на автопат во северната кинеска провинција Шанжи животот го загубија 17 луѓе. Во судирот биле инволвирани 56 возила.

https://p.dw.com/p/2T4QY
China Verkehrsunfall auf der Autobahn Peking-Kunming
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/Zhan Yan

Причина за судирот кој се случил во понеделникот бил подмрзнатиот автопат. Снимките од местото на несреќата прикажуваат комплетно уништени возила од судирот. Уште 37 луѓе биле повредени, а спасувачките екипи со помош на кранови и специјална опрема работеле до доцна во ноќта на нивно извлекување. Според последните информации, сите повредени се во стабилна состојба и се надвор од животна опасност.

Според Светската здравствена организација, околу 250 илјади луѓе годишно го губат животот во сообраќајни несреќи во Кина. Официјалната државна статистика тврди дека бројката е далеку помала.

Верижен судир во Кина однесе 17 жртви