1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле одбива нови преговори за грчката криза

АТ/ дпа/ макфакс/ миа21 јули 2012

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле категорично ја отфрли можноста за нови преговори за планот за спас на Грција.

https://p.dw.com/p/15cm7
Фотографија: picture-alliance/dpa

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле категорично одбива дополнитени преговори со Грција за програмата за штедење на оваа земја. Тој гледа желби од Грција „за работите од темел одново да се преговара и да се стават под знак прашање сопствените обрски за реформи“, изјави Вестервеле за денешното (21.07) издание на весникот „Хамбургер абендблат“. „На ова само можам да кажам: тоа не оди. Тоа е Рубикон која ние нема да го преминеме“. Весервеле нагласи: „Нема да се согласиме со супстанцијални промени на постигнатите спогодби. Би можел само да ја замолам грчката влада, ова сериозно да го сфати“.

Шефот на германската дипломатија ја повика грчката влада да ги исполни преземените обврски. Грција не би требало само да вели дека сака да припаѓа на еврозоната, туку треба така и да делува со јасна политика на реформи и придржување до договорите. „Доколку договорите, на чија основа на располагање се ставени енормни суми, одеднаш веќе не важат, одлучно ќе се спротивставам. Прво да се преговара, потоа да се постигнат договори, да се прими помошта - и потоа не важат веќе преземените обврски? Тоа не може да функционира“.

Вестервеле увери дека Германија сака Грција да остане во еврозоната, „но Грција има во сопствени раце дали сака да остане“.

Во средата (18.07) грчкиот министер за финансии, Јанис Стумарас, рече дека владата во Атина „уште мора да мине долг дел од патот“ за да може да успее во 2013 и 2014 година да заштеди 11,5 милијарди евра, што од неа ги бараат нејзините доверители Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд.