1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вестервеле: Сакаме подобра Европа!

Силвера Падори-Кленке29 август 2012

За „Иднината на Европа“ амбасадорите разговараат од аспект на должничката криза,а не од агол на проширувањето. Министерот Вестервеле, сепак, потсети дека „никој не треба да го блокира оној кој сака да се интегрира“

https://p.dw.com/p/15xlg
Фотографија: picture-alliance/dpa

Од вчера до четврток во германското МНР се оддржува годишната конференцијата на германските амбасадори, овојпат посветена на „Иднината на Европа“.  Aмбасадорите темата ја третираат од аспекта должничката криза.
„Како глобален фактор потребна ни е силна Европа. Потребна ни е заедничка соработка на пример во надворешната, одбрамбената и безбедносната  политика. Сигурен сум дека во Европа ни треба заеднички безбедносен концепт, зашто ние сме безбедносна заедница. Затоа, се подразбира дека заедничката соработка во оваа сфера би можела да придонесе за поголема интеграција“, истакна шефот на германската дипломатија Гидо Вестервеле кој заедо со ресорните колеги од Полска (Радослав Сикорски) и од Белгија (Дидиер Рејндерс) имаше збор на официјалното отворање на Конференцијата „Иднината на Европа“.

Дипломатите акцентот го ставија на актуелната евро криза и справувањето со неа. За интеграцијата во ЕУ од аспект на проширувањето со земјите од Западниот Балкан и конкретно со Македонија директно не беше кажан ни збор, се разбира доколку се изземе кусиот коментар на министерот Вестервеле:
„Секој треба да чекори во Европа. Никој нема да е исклучен, ама никој не треба да го блокира оној кој сака да се интегрира. Сите се поканети, ама никој не треба да ги соприра другите, што е од централно значење за една обединета Европа “, подвлече Вестервеле.

Проширувањето неактуелно!

Повеќемина дипломати не сакаа пред микрофон да одговорат: зошто на една ваква  конференција е заобиколен аспектот  проширување и конкретно што е со Македонија?
„Овде слушнавме каде лежат проблемите и мора да се признае  дека во Германија и во другите земји стабилноста на еврото потисна се’ друго. Проширувањето на Балканот во моментот нема голема улога. Но, и покрај ова, Хрватска од в година ќе биде полноправен член на Унијата. Балканот припаѓа во Европа и ќе стане дел од ЕУ.“, изјави за ДВ Гинтер Нооке,  личен советник на канцеларката Ангела Меркел  задолжен за Африка од Министерството за економска соработка и развој. Според Нооке, кој признава дека не е голем експерт за Балканот, сите ќе профитираат доколку Грција покаже дека може да води добра политика , доколку се грижи за стабилноста на еврото и штеди!  Должничката криза и практично го блокира процесот на изнаоѓање решение за спорот со името. Прашуваме: има ли излез од ќорсокакот?
„Грција може да придонесе. Би требала да се погрижи за реалните проблеми, а не премногу за работите кои во една вистинска Европа не се од големо значење. Ова се однесува за спорот со името и регионалните проблеми меѓу Македонија и Грција!“, изјави за ДВ Гинтер Нооке.

Botschafterkonferenz Berlin 2012
Дипломатите во Берлин дискутираат за патот до посилна Европа!Фотографија: picture-alliance/dpa