1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Викиликс :„Нема да потклекнеме“

8 декември 2010

Интернет платформата Викиликс, и покрај апсењето на нејзиниот основач Џулијан Асанж, денеска продолжува со објавување нови тајни депеши. „Викиликс се‘ уште е онлајн“, соопшти Кристин Храфснсон портпарол на Викиликс.

https://p.dw.com/p/QTHZ
Викиликс порачува дека нема да потклекне

Депешите што ги објавува Викиликс, како што преку Твитер-поракасе даунлодираат над 50 милиони пати секој ден“, изјави денеска портпаролот на Викиликс Кристин Храфснсон. „Нема да потклекнеме ни со употреба на правни средства, ниту поради претпријатијата кои спроведуваат цензура“, истакна Храфснсон. Асанж, пак, кој во притвор во Британија ќе остане најмалку до 14 декември, за кога е закажано ново сослушување, денеска за дневниот весник „Аустралијан“, застана во одбрана на објавувањето на депешите. Во отворено писмо порачува дека Викиликс заслужува заштита, а не напади и закани поради тоа што без страв објавува „факти за доброто на јавноста“. „Не го убивајте гласникот бидејќи открива непријатна вистина“, порачува Асанж. Тој, инаку, доби поддршка од австралискиот министер за надворешни работи Кевин Рад, кој изјави дека за протекувањето на тајните документи треба да се обвинат САД, а не Асанж. Претседателката на австралиската влада Џулија Гилард, пак, објавувањето на депешите од страна на Викиликс го означи како неодговорно и илегално.

Барањето за кауција одбиено, Асанж останува во притвор

Џулијан Асанж вчера беше уапсен од британските власти врз основа на меѓународната потерница која ја издаде Шведска. Неговиот адвокат синоќа оцени дека апсењето на Асанж е политички мотивирано. И покрај материјалните и личните гаранции од неколкумина познати британски јавни личности, судот во Лондон го одби барањето за кауција на Асанж, оценувајќи дека е голема опасноста тој да избега од земјата. Адвокатот на Асанж, Марк Стивенс, пак, изјави дека станува збор за политички мотивирано обвинение.

Julian Assange Wikileaks Verhaftung Flash-Galerie
„Не го убивајте гласникот бидејќи открива непријатна вистина“, порачува АсанжФотографија: AP

„Ќе поднесеме ново барање за кауција. Во моментов се наоѓаме во една интересна ситуација да не сме во можност да видиме ниту еден од доказите за делата за кои Асанж е обвинет. Очекувам многу луѓе да дојдат и да гарантираат за г-н Асанж. Многумина, меѓу нив и јас, веруваме дека Асанж е невин и дека станува збор за политички мотивирано обвинение“, рече Стивенс.

Билт: Меѓу Шведска и САД досега немало контакт во врска со испорака на Асанж

Асанж е обвинет за сексуално малтретирање и вознемирување во два наврати, а последната точка го товари дека остварил сексуален однос со жена во нејзиниот дом во Стокхолм додека таа спиела. Американските власти соопштија дека апсењето на Асанж е билатерално прашање меѓу Британија и Шведска и ја одбија можноста во оваа фаза да бараат негова екстрадиција во САД. Шведскиот министер за надворешни работи Карл Билт денеска изјави дека меѓу Шведска и САД досега немало контакт во врска со испорака на Асанж. Шведското правосудство е независно и нема контакти со политички или други институции, рече Билт.

По серијата блокади и напади врз Викиликс и неговиот основач, од вчера и поддржувачите на Асанж возвратија на нападите. Група непознати хакери ја нападнале и ја блокирале интернет-страницата на шведското јавно обвинителство, а цел на напади биле и Пеј Пал, Мастеркард и швајцарската поштенска банка, каде беа блокирани сметките на Викиликс и Асанж.

Автор: ЕМФ/БГ/ГЧ/дпа/афп/ртр

Редактор: Симе Недевски

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема