1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Висока делегација на НАТО во Скопје

15 ноември 2007

*

https://p.dw.com/p/CEBs

Нема никакво рангирање меѓу земјите од Јадранската група, ниту каква и да е тајна одлука за тоа кој ќе добие покана за членство во НАТО. Ова го изјави помошникот генерален секретар на алијансата Мартин Ердман по денешната средба со македонскиот премиер Никола Груевски. Тој уште изјави дека поканата за членство не се упатува до министерот за одбрана, до оружените сили или до владата, туку до целата нација. Ердман во Македонија престојува на чело на проширен тим на НАТО кој треба да изврши редовна проценка на достигнувњата на земјата на патот кон НАТО. Во меѓувреме, помошникот државен секретар на САД, Николас Барнс го исклучи прашањето за името на Македонија од критериумите за членство во алијансата.