1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вицешампионите пречекани како победници

Силвера Падори30 јуни 2008

Дваесет и тројцата репрезентативци кои попладнево беа пречекани како шампиони ветија дека на светското првенство во 2010 ќе го донесат златото

https://p.dw.com/p/ETcA
Црното, црвеното и жолтото денеска доминираше во срцето на БерлинФотографија: AP

Навивачката зона пред Бранденбуршката порта уште од пладнево беше средиште на светот. Барем во престолнината каде стотина илјади Берлинчани и гости пристигнаа да ги поздрават јунаците на денот - фудбалксата репрезентација на Германија која синоќа стана вице шампион на Европа.

Сценарио како од филм

Во атмосфера како од разгледница, со сино небо, знамиња, гердани од хартија и лица обоемни во црно - црвено и жолто, навивачите ги поздравија своите миленици. Нивното пристигнување беше како на филм. Пред слетувањето на аеродромот Тегел, авионот со кој пристигнаа репрезентативците направи почесниот круг над небото на Берлин. По приземјувањето, боингот на чиј кокпит се вееше германското знаме мина под импровизирана арка од водоскок создаден од две цистерни. Потоа со автобус и полициска придружба, вицешампионите пристигнаа пред Бранденбуршката порта. Облечени во бели дресови испишани со мотото “Вака чекори Германија до 2010” на бината пред навивачите се најдоа Лев, Балак, Подолски, Клозе...Сите 23 репрезентативци и целокупната екипа која се грижеше за нивното здравје, кондиција, храна. Со многу измешани емоции од разочараност за пропуштената шанса, до радост за сепак освоеното второ место, репрезентативците до публиката исшутираа стотина фудбалски топки а потоа заедно со навивачите од сите возрасти и музичарите од Хамбург го испеаа хитот на Европското првенство „Јунаци 2008”.

И второто место е успех

Навивачите со овации од зарипнатите грла ги величаа своите јунаци. Колку се задоволни од виденото на зелениот тревник во изминативе седмици?„Второт место е заслужено и е ок! И требада се прослави”.„Европското првенство беше одлично. Пред две години бевме третти, сега сме втори и на светското првенство по две години Германија ќе биде шампион!

„Не сум задоволен од резултатот. Јасно, постигнавме два гола помалку отколку што требаше”.„Најдобра беше Шпанија. Ја заслужија титулата. Но, и второто место не е лошо!” - коментираат навивачите одговарајќи и што беше, пак, најдобро на Првенството?

Се разбира атмосферата на навивачката зона и ширум Германија - едногласни се сите! Меѓу десетиците илјади германски навивачи се најде и група средношколци од Севиља. Тие неделава беа гости на своите врсници од гимназијата Гутенберг. Со две знамиња едно шпанско и едно германско ги поздравуваа репрезентативците извикувајќи: „Шпанија - Германија, Шпанија - Германија”

За нив, но и за многумина кои беа на прославата најдобри на ЕП беа Торес, Касиљас, Леман, Подолски, Швајнштајгер, Роналдо...