1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата на Груевски пред реконструкција

9 јули 2009

На Македонија и‘ претстои крупна владина реконструкција. Промени ќе има во пет ресори. Се’ уште е неизвесно дали ќе има смени и кај коалицискиот партнер во владата, Демократската унија за интеграција.

https://p.dw.com/p/IkC2
Македонската владаФотографија: MIA

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за утре (10.07.09) во 11 часот ја закажа седницата на Парламентот на која треба да бидат разрешени членовите на владата, кои си поднесоа оставки или беа сменети именувани новите.

Оставки вчера (08.07.09) поднесоа министрите за образование и наука, за земјоделство, шумарство и водостопанство, Перо Стојановски и Аце Спасеноски, а претходно минатата недела и вицепремиерот Ивица Боцевски. Од функцијата си замина и Христијан Делев, заменик-министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Како што беше најавено од владата, разрешен ќе биде и министерот за финансии, Трајко Славески. И покрај јавните критики, министерот за правда нема да биде сменет од функцијата, но затоа консеквенции сносат пониските владини службеници поради тоа што Маневски незаконски примал плата и пензија. Поради тоа е принудан на оставка генералниот секретар на владата, Стојан Тодоров. Ова е првпат по три години мандатарот и челникот на ВМРО ДПМНЕ да врши измени во владиниот состав.

Neue Mazedonische Regierung Juli 2008
Премиерот Груевски и министрите во јулу 2008 годинаФотографија: MIA

Досегашниот директор на Скопски катастар Никола Тодоров ќе биде нов министер за образование и наука. Зоран Ставрески останува потпретседател на владата, но ќе биде предложен и за нов министер за финансии. Како што претходно беше соопштено, Васко Наумовски ќе биде новиот вицепремиер за европски прашања. Нов вицепремиер за економија ќе биде Владимир Пешевски, досегашен директор на СЕАФ Фондот. За министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е предложен Љупчо Димовски, досегашен заменик министер за транспорт и врски. Перица Иваноски ќе биде заменик на Димевски. За заменичкото место во Министерството за транспорт и врски е предложен Горан Михајловски, вработен во ЈП „Водовод“ во Битола.

Од колицискиот партнер ДУИ, брифираат дека постои незадволство од рабтата на сите нивни министри, но ниту еден засега не е на список за реконстркуција.

Автор: АТ/АЧ/миа