1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владата под притисок дека лошо ја менаџира безбедносната состојба

Александар Чомовски 2 ноември 2007

По неколкуте инциденти во Македонија и информациите за вооружени лица, се актуелизира прашањето за безбедноста и се преземаат мерки за испитување на веродостојноста на видео записите околу некои инциденти.

https://p.dw.com/p/C0Iu
СкопјеФотографија: Petar Stojanovski

Последниве денови во Македонија е актуелно прашањето за безбедноста во државата. Посебно по неколкуте напади и инциденти, во кои имаше и загинати. Се погласни се критиките од страна на опозицијата дека власта лошо ја менаџира безбедносната политика.