1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Владејачката партија победи во Украина

БГ/афп/миа29 октомври 2012

Партијата на претседателот на државата Виктор Јанукович однесе убедлива победа на парламентарните избори во Украина. Победа на опозицијата во Литванија

https://p.dw.com/p/16Yan
Фотографија: Reuters

Владејачката партија на Регионите на актуелниот претседател Виктор Јанукович е убедлив победник на парламентарните избори во Украина, покажуваат првичните неофицијални резултати. Според излезните анкети, партијата на Јанукович освоила околу 37 отсто од гласовите, далеку повеќе од второпласираната Татковинска партија на поранешната премиерка Јулија Тимошенко која добила околу 21 проценти од гласовите. На третото место се политичките сојузници на Јанукович, Комунистичката партија, додека на четврто е партијата УДАР на светскиот боксерски шампион Витали Кличко.

И власта и опозицијата се прогласија за победници на изборите.

Опозицијата победи во Литванија

Опозициските Социјалдемократи се победници на парламентарните избори во Литванија. Социјалдемократите, кои во текот на кампањата се залагаа за запирање на мерките за штедење и поголеми социјални издатоци, освоиле најмногу пратеници во литванскиот парламент, се очекува да формираат коалициска влада со левичарската Работничка партија како и со националистичката партија Ред и правда.

Litauen Wahlen
Избори во ЛитванијаФотографија: AFP/Getty Images

Литванија во 2009. година доживеа длабока рецесија поради што беа воведени непопуларни мерки за штедење.