Владимир Путин

Владимир Владимирович Путин, роден на 7 октомври 1952 година во Санкт Петербург, е руски политичар и државник, актуелен претседател на државата.

По професија правник, Путин својата кариера ја започнува како офицер на советската тајна служба КГБ во 1976 година. Во 1996 година и се приклучува на администрацијата на тогашниот претседател на Русија, Борис Јелцин. Во 2000 година победува на изборите за изборите, а реизбран е четири години подоцна. Во 2008 година ја презема премиерската функција, а четири години подоцна повторно се враќа на претседателската. Под негово раководство Русија се стабилизира политички и економски. Неговото владеење е одбележано со војните во Чеченија, Грузија и Украина. Критичарите го обвинуваат за недемократско владеење, корупција и задушување на слободата на медиумите.

1 | 22