1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Власта и опозицијата и натаму на дистанца

Свето Тоевски21 ноември 2006

Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски и лидерот на ДУИ Али Ахмети денеска повторно го манифестираа сето студенило во нивните меѓусебни и меѓупартиски релации.

https://p.dw.com/p/Adax

Тие дојдоа на одбележувањето на петгодишнината од основањето на Штуловиот универзитет но седнаа далеку еден од друг.Ахмети беше придружуван од неговиот опозиционен партнер,претседателот на ПДП Абдулади Вејсели.Заменик претседателит на ДПА Мендух Тачи се наоѓаше веднаш до Груевски но и тој исто така не размени ниту еден збор со своите опоненти од албанскиот кампус,Ахмети и Вејсели.Остана без одговор дилемата дали ова моженби беше уште едне безуспешен обид на меѓународната заедница на дискретен и ненаметлив начин да ги доближат опозицијата и власта.

Али Ахмети изјави дека наводно не знаел дека на Штуловиот универзитет ќе биде и Груевски.За Дојче Веле кусо одговори на неколку прашања:дали е за воспоставување дијалог со ВМРО ДПМНЕ и Никола Груевски:

„Сигурно дека дијалогот е за доброто на целата земја и за нејзин прогрес.Тој треба да се воспостави и да биде плоден.Сепак,сметам дека треба да се создадат реални услови за искрен дијалог.“

Ахмети на прашањето дали власта и опозицијата засега остануваат на различни страни одговори:

„Мислам дека и натаму ќе се наоѓаме на спротиставени страни се додека не се изнајде заеднички јазик за крупните проблеми на нашата земја.“

Во врска со разочараноста на евроамбасадорот Ерван Фуере заради неговото недоаѓање во Маврово Ахмети рече:

„И јас бев наврден поради изјавите на господин Груевски,така што треба да се види како во иднина да се надминат пречките во меѓусебната реалција.“

Груевски не одговори зошто не постои дијалог со ДУИ.