1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ВМРО-ДПМНЕ реагира на прес-конференцијата на ЗНМ

18 јули 2011

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на прес-конференцијата на ЗНМ побара објаснување, што за ЗНМ е спорно во предложените измени на Законот за радиодифузна дејност и оцени дека ставот е идентичен со став на опозициска партија.

https://p.dw.com/p/11z2A
ВМРО-ДПМНЕФотографија: Petar Stojanovski

ЗНМ треба да одговори, што има незаконски во предложените измени на Законот за радиодифузна дејност од ВМРО-ДПМНЕ, што има спротивно на Уставот, на било кој закон и дали има било каква, па макар и најмала формална грешка во процедурите?

Rundfunkrat Mazedoniens
СРДФотографија: Petr Stojanovski

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа на прес-конференцијата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), на која беше речено дека Владата сака да има комплетна контрола врз Советот за радиодифузија (СРД). „За нас е зачудувачки ставот на ЗНМ кој е во целост идентичен со ставот на една партија од опозицијата. Во досегашниот период ЗНМ декларираше одредена неутралност, но сега во целост, со своето ставање на страна на опозиција, сериозно го става под прашалник својот кредибилитет“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

ЗНМ претходно ја обвини Владата дека со предложените промени во составот на Советот за радиодифузија сака да оствари целосна контрола врз ова регулаторно тело.

„За нас е неспорно дека намерата на предлагачите на законот, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и на Владата се јасни, а тоа е да остварат комплетна контрола врз Советот за радиодифузија“, изјави денеска Насер Селмани, претседател на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), на заедничката прес конференција на ЗНМ, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и Македонскиот институт за медиуми, во врска со последниот предлог за измени и дополнувања на законот за радиодифузија.

Според претседателот на ЗНМ несфатлива е брзината со која предлагачите на законот сакаат да ги донесат измените, без да се даде можност на експертската јавност на новинарите и на здруженијата и НВО кој се занимава со медиумската сфера, да го кажат своето мислење. „Посебно во земји каде што има проблеми со слободата на медиумите и каде секојдневно како земја добиваме критики за слободата на медиумите е несфатливо носењето на вакви важни суштински измени на законот за радиодифузија кое е регулаторно тело кое се грижи за независноста на електронските медиуми“, рече Претседателот на ЗНМ и додаде дека новата Влада ќе има сериозни проблеми во Брисел каде ќе треба да објасни зошто се донесени овие измени на законот.

Автор: АТ/ макфакс

Редактор: Борис Георгиевски