1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Водените маси стигнаа до Бангкок

15 октомври 2011

Големите поплави во Тајланд денеска стигнаа и до главниот град Бангкок.

https://p.dw.com/p/12sZD
Фотографија: AP

За сега добро се држат браните и насипите што населението ги изгради за да се заштити од надоаѓањето на водените маси. Добро се држи и насипот долг четири километри во соседната покраина Патум Тани. Но, опасноста уште не е помината. Главната закана доаѓа од поплавените подрачја северно од главниот град. Тие опасно го покачија нивото на реката Чао Праја, која тече и низ Бангкок.

Премиерката Јинглук Шинаватра ги предупредуваше граѓаните до последен момент да го напуштат главниот град ако за тоа имаат можност. На овој повик меѓутоа се одзва само помал дел од населението. Големото мнозинство наместо тоа се обезбеди со резерви на храна и вода за пиење за да ги надмине евентуалните тесни грла во снабдувањето во текот на поплавите.

Автор: ГЧ/ дв

Редактор: Александра Трајковска