1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воената хунта во Мијанмар ја отфрли Декларацијата на ОН

13 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/Bqbg

Воениот режим во Мијанмар ја отфрли декларацијата на Советот за безбедност на ОН во врска со минатомесечните брутални акции против продемократските сили во земјата.Ситуацијата во Мијанмар не е закана за мирот и безбедноста во регионот ниту во светот,се вели во соопштението емитувано преку државната телевизија.Истовремено хунтата сепак ја нагласува подготвеноста да разговара со ОН.Но, кон демократија оваа земја ќе оди по сопствен пат,се вели во соопштението.Советот за безбедност на ОН во едногласно усвоената декларација изрази жалење за насилното однесување на воениот режим во Мијанмар против мирните протести,но не го осуди.