1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воениот совет на Египет се извини за насилството врз жените

21 декември 2011

Илјадници жени во Каиро протестираа против насилството врз жените. Нивниот гнев беше предизвикан од сликите не кои се гледа како безбедносните сили за време на последните протести тепаат и една млада жена.

https://p.dw.com/p/13Ws9
Фотографија: picture alliance / dpa

По меѓународната критика за бруталното постапување на безбедносните сили против жените, Воениот совет кој ераководи со земјата се извини и најави остри правни мерки против одговорните за насилството.

Воениот совет го изразува своето длабоко жалење кон големите жени на Египет заради престапите до кои дојде во текот на неодамнешните инциденти во протестите пред парламентот и зградата на владата, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук страницата на војската.

Египетската војска и полиција, инаку, во најжестоката пресметка од обновувањето на насилството во Каиро, покрај употребата на солзавец и пендреци утринава повторно пукаше врз демонстрантите, кои петти ден по ред се наоѓаат на централниот плоштад Тахрир од каде бараат Воениот совет итно да го предаде раководството со државата на цивилна власт.

Автор: СН/ АТ/ дпа/ афп/ миа

Редактор: Ж. Ацеска