1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздржани руски реакции

28 јуни 2006

Веста за убивањето на четворицата руски дипломати што беа грабнати во Ирак, во Русија не предизвика многу голема возбуда. Уште повеќе, некои руски политичари забележуваат дека министерството за надворешни работи во Москва не се претргна во тоа за настанот да ги обвини САД. Сето тоа се случува непосредно пред доаѓањето на американскиот шеф на дипломатијата Кондолиза Рајс во Москва:

https://p.dw.com/p/Ae0W
Лавров засега не крева голема врева
Лавров засега не крева голема вреваФотографија: AP

Руското министерство за надворешни работи во понеделникот, кога беа убиени чеворицата дипломати, не брзаше многу да објави соопштение или информации за тоа. Напротив, се велеше дека мора да се провери, нема официјална потврда и слично. Дури откако беше дефинитивно јасно дека четворицата се брутално убиени, се појавија признание и сочуство.

И во неделите пред тоа, оваа тема на телевизиите и во весниците не беше посебно обработувана. Затоа пак, во деновите потоа политичарите беа жестоки. Потпретседателот на парламентот Љубов Слиска дури знае и кој е главниот виновник:

„Целата одговорност за тоа што им се случи на нашите дипломатски преставници е кај оние што таму бараа оружје за масовно уништување, а не најдоа ништо. Се убиваат сосема невини луѓе, но оружје не беше најдено. И, никој за тоа не е одговорен. Некој мора да ја преземе одговорноста„.

Претседателот на долниот дом Миронов, вината за оваа трагедија ја префрла врз САД кои не можат да го контролираат Иран. Претседателот на надворешно – политичкиот одбор на Думата, Констатнтин Козачов е уште подиректен во неговата критика:

„Во соопштението потврдуваме колку бевме во право со проценките што ги изнесоа руското раководството и парламентот, кога станува збор за погрешанта употреба на сила во Ирак. Тоа ја дестабилизира ситуацијата во земјата и затоа ниту ирачките безбедносни, ниту окупаторските сили, не се во можност да ја контролираат ситуацијата во земјата„.

Министерот за надворешни работи Сергеј Лавров се однесува воздржано, меѓутоа сепак индиректно вината за безбедноста на неговите дипломати ја префрла врз Американците. Иако задоцнето, шефот на одборот за комуникации при Думата, Андреј Кокошин вели:

„Искрено речено, не видов дека министерството за надворешни смета оти се Американците виновни„.

Што не е сосема без пикантерија непосредно пред посетата на Кондолиза Рајс на Москва и претстојниот самит на Г-8 во Санкт Петерсбург.