1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздржаност за шансите на Македонија за НАТО

Александар Чомовски18 декември 2007

Германскиот амбасадор во НАТО, Улрих Бранденбург, изјави дека спорот околу името е билатерален само до моментот кога одлуката за членство на Македонија во НАТО ќе треба да се ратификува од сите членки на алијансата.

https://p.dw.com/p/CdI2
Фотографија: NATO

Улрих Бранденбург, кој денеска беше во посета на Скопје е воздржан во врска со шансите за полноправно членство на Македонија во НАТО, со оглед на регионалните случувања и решавањето на косовското прашање.