1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Воздушните напади во Либија даваат резултат

26 март 2011

Воздушните напади на западната коалиција против либискиот владател Гадафи покажуваат резултат-бунтовниците го освоија повторно градот Аџдабија. Американскиот претседател Барак Обама ги пофали успесите на коалицијата.

https://p.dw.com/p/10huo
Адџабија повторно во рацете на бунтовницитеФотографија: picture-alliance/dpa/EPA

Со поддршка на борбените авиони на западната коалиција, бунтовниците во Либија ја вратија контролата над стратешки важниот град Аџдабија. Трупите на Гадафи од пред една недела го опседнаа градот на 160 километри јужно од Бенгази. БиБиСи и Ал Џазира прикажаа снимки на уништени тенкови и воени возила на трупите на Гадафи и славјето на востаниците. Следна цел на противниците на режимот сега е градот Брега, велат нивни претставници.

Обама бара одговорност од Гадафи

Американскиот претседател Барак Обама ги поздрави „важните напредоци“ на меѓународната воена акција против режимот на либискиот полковник. „Гадафи ја загуби довербата на својот народ како и легитимноста да владее“, изјави Обама во денешното радио-обраќање. Обама изјави дека Гадафи мора да биде повикан на одговорност поради бруталното насилство против сопствениот народ, предупредувајќи го истовремено да прекине со напади врз цивилите. Целта на воената акција во Либија, според Обама, не е да се собори Гадафи од власт, туку да се спречи во убивањето цивили. Белата куќа најави важен говор на Обама во врска со Либија за почетокот на идната недела.

Libysche Rebellen in Ajdabiya
Фотографија: picture-alliance/dpa

Предупредување од одмазднички акти

Британскиот министер за правда Кенет Кларк предупреди од одмазднички напад на Гадафи во стилот на атентатот Локерби. Велика Британија има добри причини да се тргне од власт Гадафи, кој ги потсетува Британците на соборувањето на патничкиот авион над шкотското место Локерби. Во Велика Британија, полковникот Гадафи сега се обвинува дека тој лично му наредил на либискиот разузнавач Абдел Басет ал-Меграхи да постави бомба меѓу багажот во американскиот патнички авион во декември 1988 година. Во експлозијата што се случи над Локерби загинаа 270 луѓе, патници и екипажот во авионот на компанијата „Пан Америкен“, како и жители на Локерби врз чии куќи се урнаа остатоците од соборениот авион.

Libyen Krieg Gaddafi Benghasi NATO
Надежи во успех против ГадафиФотографија: dapd

Дури во 2001 година Ал Меграхи беше прогласен за единствен виновен и осуден на доживотен затвор, отако Гадафи претходно се спогоди со американската администрација на претседателот Бил Клинтон. Иако технички Либија не призна ниту тогаш, ниту сега, дека е виновна за терористичкиот напад, либискиот лидер се согласи да исплати 2,7 милијарди долари отштета за сите 270 жртви, плаќајќи по 10 милиони за секој од загинатите, за да може Либија да се врати во меѓународната заедница.

Автор: ЖА/БГ/дпа/ртре

Редактор: Борис Георгиевски