1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Возот во Русија бил нападнат?

28 ноември 2009

Точниот број жртви и повредени во железничката несреќа во Русија се’ уште не е утврден. Во моментов, се смета дека животот го загубија 39 лица, околу 70 патници се префрлени во околните болници.

https://p.dw.com/p/KjuR
По несреќатаФотографија: AP

Дел од патниците се се’уште заглавени во вагоните и спасувачките екипи работат на нивно евакуирање.

Несреќата се случи вчеравечер, кога четири вагони на брзиот воз „Невски експрес“ се излизгале од шините. Несреќата се случила на релацијата меѓу Москва и Санкт Петерсбург, во регионот Новгород. Во вкупно 14 вагони, се превезувале 600 патници и 20 службени лица.

Во меѓувреме, руските медиуми јавуваат дека врз возот „Невски експрес“ бил извршен напад. Според руската новинска агенција Итертас, во близина на шините е пронајден кратер со пречник од еден метер. Очевидци тврдат дека кратко пред вагоните да излетаат од шините се слушнал пукот.

Ништо не е исклучено

Соработник на руското државно обвинителство изјави дека сепак не треба да се исклучи и евентуален технички дефект на возот и дека засега истрагата мора да се води во сите правци. Претседателот Дмтири Медведев, во меѓувреме, ја овласти тајната служба за внатрешни работи ФСБ да поведе истрага за несреќата.

Недалеку од местото на денешната несреќа, на релацијата меѓу Москва и Санкт Петерсбург, во 2007 година се случи напад врз рускиот брз воз „Невски експрес“. При нападот повеќе вагони се излизгаа од шините, 27 лица беа повредени. Жртви немаше. За овој напад се сметаше дека одговорни биле деснорадикални сили.

Автор: Херман Краузе / дпа / АТ

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска