1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Волфсбург и Шалке на врвот

17 август 2009

Веќе во второто коло од Бундеслигата, кај Шалке 04 се чувствува ракописот на шампионскиот тренер Феликс Магат. Актуелниот првак Волфсбург го одбрани водството на табелата. Баерн од Минхен и натаму чека на првата победа.

https://p.dw.com/p/JCnR
Шалке со одличен настап во второто коло од БундеслигатаФотографија: picture-alliance/ dpa

Против Нирнберг во првото коло, се’ уште беше тетераво, но веќе две недели подоцна стилот на екипата на Шалке веќе наликува на оној што тренерот Феликс Магат го негуваше во шампионот Волфсбург. Контрола над играта во текот на целиот меч и веднаш штом ќе се пружи можност се тргнува напред и по неколку шанси конечно паѓа и гол. Екипата на Бохум не можеше да се спротистави на оваа игра и беше испратена дома со три голови во мрежата.

Магат и натаму предупредува од преголем оптимизам

Bundesliga FC Schalke 04 - Felix Magath
Феликс Магат задоволен но претпазливФотографија: picture-alliance/ dpa

Шалке по две одиграни кола го дели првото место на табелата со актуелниот шампион Волфсбург.

„ Се разбира, важно е што навивачите имаат надежи и соништа. Но ние не размислуваме за првото место на табелата, иако на почетокот поради поволната констелација, добивме два натпревари“, резервиран е меѓутоа Феликс Магат. И додека Шалке може да сонува за врвот, Бохум повторно мора да смета на тоа дека ќе се бори за опстанок до последната секунда.

Со атрактивен и брз фудбал во вториот вчерашен натпревар Борусија Менхенгладбах ги воодушеви своите навивачи и што е поважно, победи на првиот натпревар на домашен терен против Херта од Берлин со 2:1

„Тоа беше добар и жесток натпревар. Двете екипи сторија се’ што можеа за освојување на бодовите. Ние бевме посреќниот тим и се разбира многу сум задоволен“, изјави тренерот на Борусија, Михаел Фронцек.

Ако Борусија успее да ја одржи ваквата форма во оваа сезона за првпат по подолго време не мора да размислува за испаѓање од лигата. Од друга страна, кај Херта се’ појасно се гледа колку недостасуваат напаѓачите од минатата сезона Пантелиќ и Воронин.

Баерн со Рибери но без победа

2009 Mannschaftsbild Bayern München Flash-Galerie
ФК Баерн МинхенФотографија: picture-alliance/ dpa

Екипата на Волфсбург и почетокот на новата сезона го игра во шампионскиот стил од лани. Во саботата „Волците“ славеа победа од 3:1 на гости против Келн и со тоа го осигураа првото место на табелата, кое го делат со Шалке 04. Тренерот на Волфсбург Армин Фе со доза на олеснување говореше за мечот:

„ Ние уште на почетокот тргнавме во напад со сите сили, но не успеавме до крај да одиграме. Имавме шпанси за гол, но Келн беше неверојатно опасен со контра-нападите. Тие поведоа со 1:0 а имаа дури и можност преку контра-напад да стигнат и до 2:0. Тогаш ќе беше навистина тешко се разбира. Но по изедначувањето, ние апсолутно извршивме притисок и стигнавме до трите бодови“.

Екипата на Баерн од Минхен пак и натаму е во потрага по вистинската форма. На првиот натпревар на домашен терен Баварците не успеаја да одиграат повеќе од 1:1 против Вердер Бремен .

Хамбургер пак имаше гала-шоу пред своите навивачи против Борусија од Дортмунтд, победувајќи со убедливи 4:1 Новиот тренер на Хамбургер Бруно Лабадиа, конечно беше задоволен од неговите играчи:

„ Денеска успеавме да славиме победа против еден од директните конкурентни за местата кои водат на меѓународната сцена. Тоа е секогаш убаво. Тоа беше и наше деби на домашен терен и сметам дека ги уверивме луѓето дека можеме да постигнуваме голови. Затоа се радуваме што победивме денеска“.

Навивачите на Хановер бараат отказ за тренерот Хекинг

Fussball Bundesliga Hannover 96 Dieter Hecking
Тренерот на Хановер, Дитер ХекингФотографија: AP

Ајнтрахт од Франкфурт пак не успеја да се надоврзе на извонредната игра од минатото коло, кога славеше на гости против Вердер и на домашен терен одигра само 1:1 против новајлијата во лигата Нирнберг.

Баер од Леверкузен конечно ја имаше премиерата на реновираниот домашен стадион „Бај -арена“. Меѓутоа навивачите мораа трпеливо да чекаат до победата од 1:0 против Хофенхајм, постигната преку голот на напаѓачот Кислинг. За тренерот Јуп Хајнкес голот беше логична последица на случувањата на теренот:

„ Ние бевме поопасни, поподготвени и сметам дека во долги периоди од натпреварот ја контролиравме играта“.

Својата прва победа во 47-та сезона на Бундеслигата екипата на Штутгарт ја постигна против новиот прволигаш Фрајбург. Иако во првите 45 минути на играчите на Штугарт не им одеше најдобро, сепак во второто полувреме тие славеа со убедливи 4:2.

Во Хановер пак расте притисокот врз тренерот Дитер Хекинг по вториот натпревар без победа сезонава. Хановер по поразот во првиот меч сезонава на гости во Берлин против Херта, во првиот натпревар пред домашната публика играше само нерешено 1:1 против Мајнц. Многу навивачи уште пред почетокот на натпреварот гласно бараа отказ за тренерот Хекинг.

Автор: Андреас Цимонс/ Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска